Изминатите денови добивме над 3000 предлози за имиња на трите женски лавчиња во кутиите оставени пред влезот на зоолошката градина, но и на Фејсбук страниците на Скопје ЗОО и Град Скопје.
Ви благодариме што бевте креативни и што придонесовте заеднички да ги одбереме имињата за овие три мали убавици.
Внимателно ги прочитавме сите предлози и најголем број од нив беа за Луна, Ана и Хана, соопштија од ЗОО Скопје.