Ја напуштив салата на ОН за време на говорот на Иванов, бидејќи не сакаме и нема да дадеме легимитет на неговиот скандалозен настап, полн со манипулации, омраза и создавање непријатели.
Отворениот повик за бојкот на Референдумот и грубата злоупотреба на говорницата, е всушност апел за самоизолација, но и крајна неодговорност кон сегашните и идни генерации.
Македонија нема повеќе време за губење !!!
Испраќајќи го во историјата и него и неговите ставови, продолжуваме со нашите пријатели и партнери од ЕУ и НАТО да ја градиме, заедно со и за граѓани, заедничката просперитетна иднина.
Изјави, Андреј Жерновски