“Може ли да се биде рамнодушен на оваа денешна сцена пред седиштето на НАТО?
Во моментов се одвиваат активности за поставување на македонското знаме и другите пригодни обележја за новата, 30-та земја членка на Северноатланскиот сојуз.
Сонот на сите претходни и сегашни генерации станува реалност, државата добива стабилна и просперитетна иднина.
УСПЕАВМЕ !!!” – објави заменикот министер за надворешни работи, Андреј Жерновски на својот фб профил.
https://www.facebook.com/andrej.zernovski/videos/3110528545644061/