Жестока дебата во Собранието за ребалансот на буџетот

Сподели

Жестока дебата во Собранието за предлог ребалансот на буџетот. Расправата запна околу амандманот поднесен од опозицијата, а се однесува на зголемување на буџетот на одборите на сојузот на борци во земјава, пренесува 24Вести.

Скоро една недела во Собранието се расправа по предлог ребалансот на Комисијата за финансирање и буџет. Според министерот за финансии, Драган Тевдовски во предложениот ребаланс се кратат непродуктивните трошења, додека опозицијата смета дека со предложениот ребаланс економијата ќе стагнира, а државата ќе се задолжува.