Жителите на Кочани кои побараа лекарска помош се во добра здравствена состојба

Сподели

 

Деветтемината жители на Кочани кои синоќа побараа лекарска помош поради вдишување на чад, како последица од пожарот се во добра здравствена состојба и сите се пуштени дома, информираат од Министерството за здравство.

Пациентите синоќа беа задржани во болница неколку часа и примаа кислородна терапија. Во пожарот нема поврдени со изгореници.