Животот во Македонија по пензионирање е меѓу најкусите во Европа

Сподели

Според истражувањето на Рефлектор, животот по пензионирање во Македонија е 12,5 години и е меѓу најкусите во Европа. Инфографикот објавен на социјалните мрежи покажува дека Македонија е петта по ред на листата во кои е најкраток животниот век по пензионирање. Пред нас на листата се наоѓаат земјите: Романија, Летонија, Литванија и Бугарија која е прва на листата.

Изминатите денови се погласни се најавите дека можно е поместување нагоре на границата за пензионирање во Република Македонија.

Нема стабилизација на пензискиот фонд без поместување на старосната граница за пензионирање. Меѓународниот монетарен фонд останува на ставот дека ова е една од задолжителните мерки за намалување на дупката во ПИОМ и за зголемување на одржливоста на пензискиот систем. Доколку не се преземе нешто, дефицитот во ПИОМ до 2030 година ќе достигне 10,5 отсто од БДП што е неодржливо, рече шефицата на мисијата на ММФ во Македонија, Џасмин Рахман

Министерот за финансии Драган Тевдовски смета дека не треба да се посегне кон зголемување на прагот за пензионирање се додека не се искористат сите други можности.

– Како човек кој доаѓа од социјалдемократска Влада сметам дека треба да се почитува тоа што кај нас има огромен број на луѓе кои имаат тешки работни места и апсолутно за изнаоѓање на решение не би требало да посегнуваме кон зголемување на овој праг се додека не се искористат другите можности, истакна Тевдовски во вечерашната емисија „24 Анализа“ на Телевизија 24.