Ракометарките на ЖРК Вардар и официјално ја потврдија одбраната на шампионската титула.
Вардарки убедливо со 45:24 ја победија екипата на Металург во рамките на заостанатиот дуел од 4.коло во домашното првенство.
За тимот на ЖРК Вардар ова е четврта титула, сите освоени од 2013 година, а со оваа победа во салата „Автокоманда“ актуелниот шампион на Македонија и официјално ја одбрани титулата.
Барбара Лазовиќ беше најефикасна со 7 гола, Андреа Пенезиќ постигна 6, додека кај Металург најпрецизна беше Марија Николиќ со 7 гола.
До крајот на првенството овие две екипи ќе одиграат уште еден натпревар, а домаќин ќе биде шампионот ЖРК Вардар во СЦ „Јане Сандански“ в четврток кога ќе биде и предаден шампионскиот пехар.
На табелата Вардар има 21 бод, Металург 15, Вардар јуниор 12, Куманово 3 (-1), Пелистер 0.
The post ЖРК Вардар е старо-нов шампион на Македонија во ракомет…4-та титула по ред! appeared first on Спорти.
Source: Sporty