Зимско искачување на врвот Раса

Сподели

На 21 Јануари 2018год. ДПС Трансверзалец организира зимско искачување на врвот Раса (1.369мнв) на Осој Планина.

Поаѓање во 07:00 часот со автобусот број 60 од автобуска станица под Железничка станица. До Матка може да се дојде и со автомобили.

Карактеристични точки:
Старт на акцијата во 8.30ч : пред кафеаната Мечкина дупка под црквата Света Богородица на Матка
Попатни точки: црквата Свети Спас и црквата Света Недела
Цел на акцијата: врвот Раса (1.369м)

Зимска акција која започнува од пред кафеаната Мечкина дупка под црквата Света Богородица во 8:30ч од каде по маркирана патека се пешачи 1.5 час до црквата Свети Спас каде има излетничко место и уште 20 мин до црквата Света Недела која е вгнездена повисоко во карпите. Од тука се поаѓа по патека до резерватот Јасен од каде се стасува до Врвот Раса. Се пешачи уште 1.5 до 2 часа.
Вкупното искачување до врвот е 3.5 часа а враќањето по истата патека е околу 3 часа.

За оние кои ќе доаѓаат со автобус, според возниот ред на ЈСП, автобус од Матка кон Скопје има во 13:25, 18:45 и 19:30 часот. Напомена: задолжително проверете го возниот ред за 60ка на ЈСП во случај да не има измени на наведениот датум. http://www.jsp.com.mk/PlanskiVozenRed.aspx

Патеката спаѓа во категорија Средно напорна зимска копнена акција.

Исхраната е од ранец. Вода да се носи најмаку 2л. По патот нема вода.

Пријавување најдоцна до 18.01.2018 (четврток).
Контакт Зоран Костадинов 070/641 – 998