Златен медал за виното Вранец Орле на винаријата „Венец“

Сподели

 

Винаријата „Венец“ на престижниот натпревар „Citadelles du Vin“ кој се одржува во Франција освои златен медал за виното „Вранец Орле“ 2019 кое го доби и признанието “NORTH MACEDONIA SPECIAL PRIZE”.

Ова вино потекнува од истоимениот микролокалитет Орле каде на 600 м.н.в се наоѓа лозовиот насад  стар повеќе од 22 години. Виното се карактеризира со  интензивна темно-црвена боја, овошен арома на зрели капини и сливи.

Ова е голем успех за нашата држава за афирмација како винскиот потенцијал, особено што станува збор за светски натпревари кој е вистински предводник за винската индустрија ширум светот. Секоја година, во март, повеќе од 50 дегустатори од највисоко ниво од целиот свет се среќаваат во Бордо-Франција каде  ги избираат најдобрите вина од над 1.000 примероци кои доаѓаат од околу 30 земји.

Виното „Вранец Орле“ минатиот месец се закити и со златен медал на пролетното издание на престижниот натпревар на вино „Мундус Вини“ кој се одржа во Германија.

Винаријата „Венец“ произведува винско грозје и вино од 1956 година применувајќи различни уникатни и рафинирани техники. Таа создава традиција за подготовка на вина, со посебна посветеност на секој сегмент од целиот процес. Вината на „Венец“ предизвикуваат пријатно искуство и ги оживуваат сетилата со подобрување на аромите и текстурите.