ЗМСТАС: Горди на медицинските сестри кои се пример за професионалност

Сподели

 

Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ изразува огромна радост и задоволство за успешниот и историски исчекор во медицината во земјава – првата трансплатација на срце.

Би сакале да им одадеме почит на сите вклучени здравствени работници, приклучувајќи се кон упатените честитки од Министерството за здравство (https://vlada.mk/node/21492), дополнувајќи го со истакнување на нашите медицински сестри на кои сме особено горди и кои претставуваат пример за професионалност на идните кадри:

мед.тех. Слаѓана Гроздановска,
мед.тех. Јелена Жарковиќ,
дип.мед.тех Имран Елези,
мед.тех. Мартина Караѓоска
и мед.тех. Кристина Николовска – инструментарки од УК за Државна Кардиохирургија;
мед.тех. Магдалена Станчева
и мед.тех. Анита Колевска – анестетичарки од УК за Државна Кардиохирургија;
мед.тех Александра Темелковска,
мед.тех. Бранко Чочек,
и мед.тех. Игор Каевски – перфузионисти од ЕКЦ тимот на Жан Митрев Клиник;
дип.мед.тех Катерина Ристовска
и дип.мед.тех. Александра Ристовска Тунев – инструментарки од Жан Митрев Клиник;
и дип.мед.тех. Весна Наумовска – анестетичарка од Жан Митрев Клиник.

Во оваа прилика Ве известуваме дека ЗМСТАС – ЗА НАС и понатаму продолжува со ангажманот во проектот со Здружението на граѓани „НЕФРОН за кадаверична трансплатација.

Нека ова големо човекољубие и донирање на органи стане наше секојдневие.