Зоран Кардула: Молба на родител на дете со нетипичен развој до Министерство за образование и наука

Сподели

Направете го овој 1-ви септември различен

За една недела е 1-ви септември и би сакал еве јавно да упатам една молба до Министерот за Образование, молба од родител на дете со нетипичен развој и се надевам дека е во рамките на вашите ингиренции да упатите барање до сите просветни работници баш овој почеток на школската година да оделат барем неколку минути и на своите ученици да им објаснат дека меѓу нив има ученици кои се различни, ученици кои се со нетипичен развој и дека сите ученици се подеднакво важни и дека иако се тие различни не се помалку вредни.

Направете го ова за да им дадете малку кураж на родителите кои овој период се во агонија од мисли како своето дете кое е со нетипичен развој ќе се справи во новата средина, во средина која знае да биде многу непријатна (ова го пишувам од лично искуство а секако тоа искуство го почуствувале барем 90 % од родителите на овие деца).

Направете да знаат дека своето дете го праќаат во средина која е спремна да го прифати нивното дете и дека тоа дете ќе биде опкружено со емпатија и поддршка. Многу ќе им значи на родителите а бенефитот кои ќе го добијат учениците е непроценлив.

Фб статус, Зоран Кардула