Алтернатива Настани

“Филмска Азбука” – недела на филмовите на Милчо Манчевски

КОТУР, Филмска азбука – Милчо Манчевски, 8. март

Со „Филмска Азбука” оваа недела ќе биде посветена на творештвото на македонскиот режисер Милчо Манчевски. Во наредните седум дена ќе бидат прикажани петте долгометражни филмови и 2 кратки филмови од гореспоменатиот автор. Покрај тоа ќе биде поставена и изложба на постери од филмовите на Милчо Манчевски, работни скици, интервјуа, критики и писма, кои ќе ни го прикажат процесот на работа на еден современ македонски, но и светски режисер. На отварањето, по проекцијата на Бикини Мун, ќе ја имаме честа да уживаме во музичката селекција на Милчо.

Проекциите ќе бидат прикажани по следниот редослед:

08.03 од 20:00 БИКИНИ МУН

Во оваа модерна, урбана бајка сместена во скршениот идеал на семејството – една харизматична бездомничка го привлекува вниманието на филмска екипа, која снима документарец и која е спремна да ја искористи нејзината приказна за да се прослави во светот на независните филмаџии.

10.03 од 20:00: МАЈКИ

Три приказни, сите вистинити, една реална.
Користејќи иновативна структура, трите приказни во МАЈКИ ги истакнуваат деликатните врски помеѓу вистината и фикцијата, драмата и документарецот. Што е природата на вистината? Филмот избегнува уредни наративни уреди и го турка гледачот да се соочи со своите дефиниции за филмската реалност.

11.03 од 20:00 : СЕНКИ

Кога би избрале еден човек кому се му оди по план, тогаш Лазар Перков би бил одличен избор. Тој е млад, згоден, има убава жена, прекрасно мало момче, одлична куќа и добра работа како лекар. Всушност, сите го викаат „Лаки“. Ништо не фали – освен можеби Лаки самиот. Кога Лаки е вмешан во катастрофална сообраќајка и мистериозно спасен од сигурна смрт, неговиот живот почнува да се менува…

13.03 од 20:00 Крајот на времето (краток)

Еден момент во времето во Сан Антонио де лос Бањос, Куба. Редовните тука си играат домино, Пабло ја удира топката, девојките се смеат додека се враќаат дома од училиште, чичко Хулио со неговата цигара е речиси пијан, Армандо конечно успева да го убеди брат му да му дозволи да го вози неговото црвено такси, мама и тетка Софиа си шепкаат додека јас го слушам мојот мал брат во нејзиниот стомак.

13.03 од 20:10 ПРАШИНА

Њујоршки крадец (Edge), силна и издржлива стогодишна жена (Angela), двајца браќа од Дивиот Запад (Luke ad Elijah), револуционер решен да ја ослободи Македонија од Отоманската Империја (Учителот), и убавата трудна жена (Neda), ги спојуваат патиштата во приказна која се протега на два контененти и низ три века. Искршениот наратив потсеќа на кубистичка слика.

14.03 од 20:00 ЧЕТВРТОК (краток)

Толпa од луѓе се движат преку ужасно жешкиот бетон, па до кулата од стакло и во влезовите на метрото, со очи залепени во нивните мали екрани, вдишувајќи ги сликите од другата страна на светот, несвесни за животот до нивните нозе.

14.03 од 20:10 ПРЕД ДОЖДОТ

Поставени спроти позадината на политичките турбуленции во Македонија и современ Лондон, три љубовни приказни се испреплетуваат за да креираат моќен портрет на модерна Европа во „Пред Дождот“ на Милчо Манчевски.
Кога мистериозен инцидент во познатите македонски планини излегува од пропорции, се заканува да започне граѓанска војна и спојува тивок млад свештеник, уредник на слики од Лондон и разочаран воен фотограф во оваа трагична приказна за судбински љубовници. Раскажан во три дела и поврзан со ликови и настани, Пред Дождот ја истражува бескомпромисната природа на војната што ги пустоши животите на тие кои не очекуваат, а невините ги тера да заземат страна.

Сподели: