Ден на жалост во Италија

Сподели

Во Италија денеска се одржа државен погреб за поголемиот број жртви кои настрадаа во уривањето на мостот  Моранди во Џенова. Бројот на загинати порасна на 42.

Како што пренесуваат агенциите, претседателот на Италија, Серџо Матарела, пристигнал во Џенова за да присуствува на погребот.

Загинатите во уривањето на надвозникот во Џенова, беа погребани во присуство на највисоки државни функционери и бројни граѓани.

Семејствата на некои од жртвите одлучија да не учествуваат на церемонијата Некои од нив наведоа дека сакаат да ги погребаат своите најблиски во поинтимна атмосфера, додека пак други наведоа дека ја бојкотираат церемонијата. таткото на една од жртвите, истакна дека неговиот син е „убиен“ и за одговорна ја означи државата.

Спасувачките тимови и екипите за пребарување на урнатините стравуваат дека десетици лица сѐ уште се наоѓаат под урнатините.