Историски ден: Прва мисија на вселенското рударство

Сподели

thumbs_b_c_193d2f3047522f7bb5856c660c0bf686

ЊУЈОРК (АА) – Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) прави чекори кон вселенското рударство, јавува Anadolu Agency (AA).

Денеска ќе биде направена првата мисија од страна на САД на еден астероид за кој се смета дека има руда во вредност од милијарди или трилиони долари.

Со ракетата „Атлас В“ од базата Кејп Каневерал, во вселената ќе биде лансирано вселенското летало „ОЗИРИС-Рекс“ (Истражувач со Реголит – Систем за спектроскопска и инфрацрвена оптичка обработка на сликата), кое по извршената обиколка околу Сонцето, на 22 септември 2017 година ќе се приближи кон Земјата и со низок лет, со помош на гравитацијата, ќе ја зголеми својата брзина.

– Од површината на астероидот Бену (Bennu) ќе собира материјал со тежина од 60 до 2.000 грама –

Во август 2018 година, на астероидот Бену ќе слета вселенско летало, кое со помош на роботска рака од површината на астероидот ќе собира материјал со тежина од 60 до 2.000 грама.

Вселенското летало „ОЗИРИС-Рекс“ на астероидот Бену ќе остане три години, и во март 2021 година ќе тргне кон Земјата. Кога вселенското летало ќе се приближи кон Земјата, собраниот материјал со капсула ќе биде исфрлен во атмосферата на Земјата.

Капсулата во атмосферата ќе се движи со брзина од околу 45.000 километри на час и за да не се случи да согори, седум дена ќе се работи на намалување на нејзината брзина.

Се планира вселенското летало на 24 септември 2023 година да слета во подрачјето на Јута.

Откако ќе ја исфрли капсулата, вселенското летало „ОЗИРИС-Рекс“ ќе продолжи да се движи во атмосферата на Земјата и ќе биде во готовност за следните вселенски работи.