Алтернатива Настани

МКЦ: Промоција на книгата „Дедлајна, љубов моја!“ од Владимир Лукаш

 

МКЦ, Промоција на книгата “ДЕДЛАЈНА, ЉУБОВ МОЈА! “- Владимир Лукаш, 8.декември

Кратката проза е моментна состојба што ѝ се случува на книжевноста. Не самo кaј нас, не во регионот, туку воопшто. Таа стана некаков нечуен, а гласен диктат на состојбите, на времето,.. творечка алина која навестува жанровски потоп, ама никогаш не го донесува. Поминува брзо како и што доаѓа, до наредното вриење и претекување на жанровите во одделни и различни книжевни формации.
(…) Владимир Лукаш има редок осет за архитектура на нарацијата, за сензибилизација на прозната слика со ефекти на заматување, нијансирање, контрастирање или, најчесто, измолкнување од очекуваното, поништување на она што тргнало да се кажува. Се отвораат и се затвораат измислици како стари замаглени прозорчиња или како модерни, лизгачки стаклени површини, вперени секогаш во една иста желба: раскажувајќи да се бега (…).

Оливера Ќорвезироска

дел од текстот„СЛАТКО ОД ВРЕМЕ“
(за приказните на Владимир Лукаш кои седеа на тротоари и чекаа некој да се сети на нив)

Сподели: