Магазин Наука и Технологија

НАСА ќе испраќа дрон на Марс во 2020 година

За наредната мисија на Марс, НАСА планира да испрати мал дрон заедно со новиот ровер во 2020 година. Ова ќе претставува прв ваков обид, да се однесе летало на друга планета кое ќе може независно да полетува и слетува на повеќе локации. За разлика од роверите кои поминуваат само по неколку метри на ден, вакви летала би можеле да покријат поголеми растојанија и да направат висински снимки со голема резолуција од двете камери кои се предвидени да бидат во дронот.

Дронот ќе тежи само 2 килограми, ќе биде малку поголем од тениско топче и напојуван од сончеви панели и литиум-јонски батерии. Дронот ќе лета со помош на двојни перки што ротираат во обратна насока, долги половина метар и ќе мора да ротираат 10 пати побрзо од сличен дрон на Земјата, бидејќи атмосферата на Марс има далеку помала густина.

Овој дрон на Марс ќе пристигне прикачен на роверот кој има слична конструкција со Кјуриосити роверот кој е на црвената планета веќе шест години. Роверот воедно ќе служи како примопредавател за пренос на информаци кон и од дронот. Леталото мора да има автономна самоконтрола поради доцнење на сигналот помеѓу 5 и 25 минути до Марс нема да може да се контролира во реално време од Земјата.

Се очекува дронот да биде функционален околу 30 дена и секој лет да трае до 90 секунди, преминувајќи стотина метри секој лет. Доколку дронот навистина се покаже како функционален на Марс научните придобивки ќе бидат од голема значајност, но ако се покаже неупотрблив, нема да има никакви последици врз остатокот од мисијата и новиот ровер.

orion.mk

Сподели: