Вести Свет Ударни вести

Ратификација на Договорот од Преспа во грчкиот парламент

Денеска во 14.30 часот ќе се одржи ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот Парламент. Гласањето за Преспанскиот договор, кое требаше да се случи ноќеска, е одложено за денеска попладне поради големиот број пријавени пратеници за збор. Од вкупно 300 пратеници, збор побарале 230.

На денешниот трет ден од расправата, се очекува грчкиот Парламент да го ратификува Договорот од Преспа, по што тој ќе стапи на сила и ќе го откочи процесот за македонското членство во НАТО.

Додека траеше дебатата, околу 5 илјади членови на националистички организации вчера вечер беа собрани пред парламентот во Атина и во Солун извикувајќи „Македонија е само грчка“. Дел од нив фрлаа со пиротенички материјали и камења врз полицијата. Припадниците на полициските сили употребија заслепувачки гранати, спреј и палки за растерување на насилните демонстранти.

Протестите ќе продолжат и денеска додека во грчкиот парламент се одвиваат последните часа од расправата, која треба да резултира со ратификација на Договорот.

Сподели: