Ретвитни оброк #141 – Заедно готвиме и срца топлиме

Сподели

Ретвитни оброк #141 – Заедно готвиме и срца топлиме

Ни почнува студениот декември. За некого омилен и празничен, за некого уште еден месец плус со многу студени, гладни и тажни денови. Но, заедно можеме да го направиме барем малку поубав и потопол за сите. Потребно е само малку време, човечност, љубов и солидарност. Она што вам ви е вишок, за некого може да биде доволно 🙂 Затоа, споделете го вишокот храна што ќе ви остане од петочниот ручек, посната слава или некоја предновогодишна гозба.
Ако имате желба може и на неколку други начини да се приклучите и да стоплите нечие срце ♥- Можете да дојдете на заедничкото готвење во Гласност од 17 часот (ул. Петар Поп Арсов бр.6), да сецкате салати, да мешате ориз или да пржите колбавчиња и да се дружите со супер луѓе .
– Можете да зготвите од дома онолку оброци колку сте во можност и да ги спакувате во алуминиумски кутии (можат беспатно да се земат од портирницата на Спомен куќата на Мајка Тереза).
– Можете да донирате намирници ( тестенини, грашок, леќа, салати, гравче, ориз…) и да ги оставите во Freshys – Фрешис и така да им овозможите на луѓето во Гласност од нив да зготват повеќе оброци
– Сортирајте или згответе јадлива храна која ви останала дома или од прослави, родендени и собиранки, спакувајте ја и донесете ја во 12:30 часот во сабота пред Мајка Тереза.

Нашето малку за некого значи многу, да не фрламе храна зошто секој заслужува достоинствен оброк! ♥
За каква било информација, пишете ни во коментари или инбокс 🙂

#Ретвитни оброк