ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ секојдневно испумпува милиони евра од Буџетот наменети за фалење на штетниот договор

Сподели

Центарот за комуникации на СДСМ пишува и праќа бледи соопштенија. Со своите стерилни соопштенија не можат да го прикријат криминалот на СДСМ и Заев.

Владата на СДСМ секојдневно испумпува милиони евра од Буџетот наменети за фалење на штетниот договор и крати од суштински проекти за граѓаните.

СДСМ откако е на власт единствено што стори е дефокусирање на јавноста од секојдневните криминали и криминалното владеење, наместените тендери кои што се случуваат во оваа држава и кои што се всушност пари на граѓаните.

СДСМ не е способен да ја води државата. Време е СДСМ да си замине од власт и граѓаните да одат напред. Македонија ќе победи!

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ