ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала облачност и слаб источен ветер. Утринската температура ќе се движи од 2 до 10, а дневната од 23 до 28 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб ветер од источен правец. Утринската темптература ќе се спушти до 6, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

До сабота ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време со дневни температури над просекот за овој период од годината.

Во недела од север ќе се спушти постуден воздух, ветерот повремено ќе се засилува и ќе предизвика пад на дневната температура. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд.