7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно, во источните делови со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Дневните температури ќе бидат во Скопје, Берово и Крива Паланка 12 степени, Маврово 4, Охрид 9, Битола 11, Кавадарци 14, Дојран 16 степени.

Утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постуден воздух, попладне и во вечерните часови врнежите ќе преминат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Дневните температури ќе бидат во опаѓање: Скопје 6, Охрид 7, Маврово и Берово 4, Битола 7, Крива Паланка 5, Кавадарци 9, Дојран 10 степени.

Врнежите ќе започнат како дожд а до крајот на денот ќе преминуваат во снег понекаде на повисоките места особено на југозападот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Во четврток времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен ветер.

Сподели: