13. Виз Ер Скопски маратон

Сподели

Во Скопје денеска ќе се одржува 13. Виз Ер Скопски маратон на кој се пријавени над 8.500 учесници од 51 држава – годинава илјада повеќе од претходното издание на маратонот.

За време на одржувањето на маратонот автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие ќе возат со изменет сообраќаен режим, а учесниците на Скопскиот маратон кои имаат и носат стартни броеви на маичките ќе можат да се возат бесплатно.

Манифестацијата е финансиски поддржана од Град Скопје со 1.200.000 денари, а на располагање се ставени сите јавни претпријатија кои се под интегенција на Град Скопје.

Според директорот на Виз Ер Скопскиот маратон, Кире Синадиновски, маратонот од година во година станува еден од најпосетуваните и најинтересни настани во Македонија.

– Ги покануваме сите да го проследат настанот и да се забавуваат за време на маратонот, полумаратонот, трката од 5 километри и штафетната трка. Како промоторки на Виз Ер Скопски маратон оваа година ни доаѓаат трите сестри близначки од Естонија, Леила, Лили и Лина Луик, кои минатата година учествуваа на маратонот на Олимписките Игри во Рио, рече Синадиновски на прес-конференцијата во петокот.

Стартот на маратонската и полумаратонската трка, како и на шатафетниот маратон е во 8:30 часот, а на трката од 5 километри 15 минути подоцна.

Во рамки на маратонот вчера се одржа и Детски мини маратон на кејот на Вардар, зад Парк Хотел и Спа. Партнери на Детскиот мини маратон се Македонски олимписки комитет и УНИЦЕФ.

Главниот спонзор „Виз Ер“ за секој учесник има обезбедено и вредносен ваучер од 20 евра кој може да се искористи преку www.wizzair.com.