Научниците ги анализирале последните подтоци испратени од Розета пред уривањето на кометата 67П / Чурјумов-Герасименко и ја реконструирале последната фотографија што била направена. Сликата била снимена непосредно пред рушењето на летлото.
Истражувачкиот тим навидум веќе имал добиено „последна слика“ кога сондата на ЕСА била на висина помеѓу од 25 метри. Новата слика била дел од телеметриските пакети кои биле испратени подоцна, но тимот не знаел дека е таму. Таа била добиена кога сондата се нашла 5 метри поблиску до површината на кометата.
„Последната целосна слика пренесена од Розета беше конечната што ја видовме како пристига на Земјата во дел од моментот предспуштањето на Саис (предел на кометата). Подоцна, пронајдовме неколку телеметриски пакети на нашиот сервер и помисливме дека тоа може да биде друга слика“, изјави главниот фото-истражувач.
Сликите биле испраќани од сондата во шест пакети со податоци. Сепак, тимот добил само нешто повеќе од половина од нив во последниот пренос, бидејќи комуникацијата била прекината поради уривањето. Апликацијата не ги препознала податоците како слика, но инженерскиот тим го разгледал она со кое располагал, и работел кон тоа да добие нешто значајно, користејќи 53% од вообичаените податоци.
Последната слика има поголем степен на компресија, па затоа е многу поматна од очекуваното. Телескопскиот фотоапарат не бил дизајниран баш за вакви блиски прикази.
Розета помина две години орбитирајќи околу кометата 67П, собирајќи импресивна количина податоци за структурата и составот на објектот. Се урна на кометата на 30 септември 2016 година, додека таа се оддалечуваше од Сонцето, а сондата на соларна енергија ќе немаше доволно енергија.
|