Проектот за превод на 1000 стручни книги од странство, од кои би се образувале студентите во Македонија, го следат многу контроверзии – и во врска со квалитетот на преводите и за тоа како се трошат и делат државните пари за таа намена. Проблемот со кој се соочуваат професорите и студентите во обидите за дешифрирање на преведеното, веќе натера дел од универзитетската заедница отворено да го крене гласот против и да побара укинување на законската обврска овие книги да бидат задолжителна литература на факултетите. Проверката на тендерите за превод и печатење на овие изданија, пак, открива концентрација на парите во исти фирми и доделување милионски суми, на пример, на компанија која била донатор на ДУИ. Петар Клинчарски го отвора прашањето – потребна ли е темелна стручна, но и финансиска ревизија на проектот.