Дане Талески кандидат за амбасадор во НАТО

Сподели

 

Дане Талески, советник за надворешна политика на премиерот Зоран Заев, е кандидат за амбасадор во НАТО.

Кандидатурата на Талески, на владина седница во четврток ќе ја достави министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Амбасадорското место во НАТО досега не беше пополнето, а Заев и Димитров изминатиот период говореа дека во моментов кога земјата е пред прагот на полноправно членство во Алијансата, пополнувањето на ова место е клучно.

Талески стана и национален координатор за НАТО, по изборот на Стево Пендаровски за претседател.

denesmagazin.mk