9-то издание на меѓународниот фестивал на етнографски филм – ЕТНОФФ

Сподели
 
На 22-ри и 23-ти септември во Кинотека на Македонија со почеток од 19 часот ќе се оддржи 9-то издание на фестивалот за етнографски филм „ЕТНОФФ“.
 
Овој фестивал, кој започна со студентски ентузијазам, веќе девет години ни носи различни приказни од целиот свет.
 
На овогодинешното издание ќе можат да се видат 10 филмови од Португалија, Белгија, Унгарија, Бугарија, Азерјбејџан, САД, Словенија, Македонија, а програмата ќе ја надополнат и изложбите на Центарот за Интердисциплинарни Активности 2023: „Извор“ – изложба на аналогна црно бела фотографија на Сара Луческа, „Фреквенции“ – изложба во техника марбл инк, акварел и акрил на Марина Рмуш и „Време“ – колекција на фотографии на Ангела Здравковска.
 
На 23-ти (сабота) со почеток во 19 часот ќе се оддржи предавање на Билјана Јуруковски Миленковска, македонско-австралиска фотографка, чии дела се објавувани во National Geographic и други престижни списанија, а ја регистрираат културата и секојдневниот живот на помалку познати заедници од светот, како народот Сури од Африка.
 
Влезот е бесплатен.