Оваа тенисерка доби казна и забрана за играње тенис дури 16 години – За неа кариерата е завршена!

Сподели

Меѓународната агенција за интегритет во тенис (ITIA) жестоко ја казни киргистанската тенисерка Ксенија Палкина (32) за местење натпревари, со 16-годишна забрана за тенис и парична казна од 100.000 долари!

фото: Arquivo

Палкина призна дека наместила натпревари во 2018 и 2019 година, а од 2019 година е под привремена суспензија и нема да може да се врати на терените до 21 ноември 2029 година.

Поточно, тие шест години ќе бидат последната казна доколку Палкина за тоа време не ги прекрши правилата на Тениската антикорупциска програма.

Санкцијата значи дека на тенисерката и е забрането да игра или да присуствува на кој било тениски настан одобрен од кое било меѓународно тениско раководно тело или национална федерација.

Највисокиот пласман на Киргистанката во кариерата беше 163. место на ВТА листата.

Интересно, Палкина беше уапсена во тоа време додека играше на турнирот во 2019 година во Клермон, Франција.

The post Оваа тенисерка доби казна и забрана за играње тенис дури 16 години – За неа кариерата е завршена! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico