Во периодот кој следи, традиционално се враќаат прославите на матурските вечери. Матурантите од целата држава ќе заблескаат во рувото на нивната младост и зрелост.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во рамките на својата кампања ,,Матуранти – млади возачи, почитувајте ги правилата и прописите во сообраќајот”, во соработка со Министерството за внатрешни работи, организираат едукативни предавања во сите средни училишта во Република Северна Македонија.
Целта на предавањата е да се потсетат матурантите на последиците од несовесното управување со возило и да им се укаже да бидат крајно внимателни доколку за матурската вечер се одлучат да седнат позади воланот. Тука би го додале и податокот дека поголемиот дел од средношколците немаат ниту возачка дозвола.
РСБСП и МВР секогаш, а посебно во овој период на годината упатуваат апел до сите матуранти: ,,За време на матурските прослави не конзумирајте прекумерно количество на алкохол, не користете автомобили, а доколку ги користите, бидете крајно внимателни, се со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот!”