ДОМ Ѓорче Петров алармира до општината за потребата од нови градинки на територија на Ѓорче Петров. Според информациите од јавноста повеќе од 500 деца чекаат ред за прием во градинките во Ѓорче Петров. Граѓаните секојдневно видно загрижени упатуваат пораки до нас и известуваат за проблемите со кои се соочуваат за згрижување на своите деца.
ДОМ Ѓорче Петров апелира за итно довршување и пуштање во употреба на новата градинка во Волково, изградба на нови градинки и проширување на постоечките. Граѓаните на Ѓорче Петров имаат потреба и право на згрижување на своите деца. Сите непродуктивни трошоци и планови за довршување на новата општинска зграда, апелираме да бидат вложени во нови градинки и проширување на постоечките.