Мицкоски: Не сме сите исти, излегуваме на протест зошто не се живее подобро

Сподели

 

“Не сме сите исти, излегуваме на протест затоа што не се живее подобро во Македонија”, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во „Стадион“ на Канал 77, говорејќи за претстојниот протест на 18 јуни, потенцирајќи дека граѓаните на сите анкети кажуваат дека треба да се излезе и дека државата оди во погрешна насока.

Мицкоски посочи дека откако Ковачевски ја презеде владата, нема ништо добро направено, напротив во Македонија работите станаа полоши.

– Поминаа 5 месеци и освен изјави од картончиња јас не можам да кажам што ги одбележа овие 5 месеци на Ковачевски,  не може да се каже дека направил добар потег или реформа. Тоа што беше лошо стана полошо и не можам да издвојам нешто добро и тоа е причината зошто излегуваме на протест и зошто ќе има таков протестен период, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде и дека разни структури протестираа во Македонија и неодговорно е ако граѓаните на анкетите велат дека ако велат да излезете и ако велат дека оваа држава оди во погрешна насока, вие да молчите.

– Ако не се излезе на протест и не се бараат промени народот ќе мисли дека сите се исти, ќе си велат ВМРО-ДПМНЕ владее на локално ниво, другите на централно ниво, а народот живее посиромашно, нагласи Мицкоски.

Мицкоски изјави дека  Ковачевски не излегол на избори и од државен аспект не застапува политика, туку ги штити бизнис интересите на СДСМ и ДУИ и ревносно ги спроведува

– Прилично е вешт да ги заштити бизнис интересите на СДСМ и ДУИ, потенцираше Мицкоски.