Османи: Прашање е дали Западен Балкан има воопшто европска перспектива

Сподели

 

“Во очекување сме да видиме како ќе ги продолжиме разговорите со Бугарија. Времето е кратко, очите на 18 милиони луѓе од Западен Балкан се свртени кон Софија каква одлука ќе преземе. Ова не е веќе прашање дали Северна Македонија ќе ги продолжи преговорите, ова е прашање дали Западен Балкан има воопшто европска перспектива.”

Ова го изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи на заедничката прес-конференција во Скопје со неговиот хрватски колега Горан Грлиќ Радман одговарајќи на новинарско прашање што доколку не се подигне ветото поради политичката ситуација во Бугарија и на колкав рок може оваа ситуација да го одложи кревањето на ветото и за старт на преговорите со ЕУ.