Денес 21 јуни е денот на календарскиот почеток на летото.
Лето е едно од четирите годишни времиња, кое по конвенција на северната хемисфера трае од дел од јуни, цели јули и август и дел од септември, додека на јужната хемисфера од дел на декември, цел јануари, февруари до дел на март. 21 јуни е 172-риот ден во годината според грегоријанскиот календар (173-ти во престапна година). Остануваат 193 дена до крајот на годината. Овој ден исто така е најдолг ден во годината (летен солстициум) на северната хемисфера, односно најкраток на јужната.
При летниот солстициум, географските ширини на северната хемисфера имаат подолги денови отколку на јужната хемисфера. Во областите над 66.5°N (Арктички круг) има постојана дневна светлина, додека пак под 66.5°S (Арктички круг) има постојана ноќ. Сосема е обратна сликата за време на зимскиот солстициум.
Во астрономијата 21 јуни е вообичаената дата на која настапува сончева пресвртница, односно денот на кој сонцето изгледа како да седи во место.
Воедно, на 21 јуни се прославува и Светскиот ден на музиката.
Сликите се дел од Колекцијата на Националната галерија на РС Македонија