Бугарскиот премиер Петков денеска официјално ќе поднесе оставка

Сподели

 

Бугарскиот премер Кирил Петков денеска ќе поднесе оставка, откако минатата недела беше изгласана недоверба на Владата.

По оставката, претседателот Румен Радев ќе се консултира со пратеничките групи во Народното собрание и потоа ќе даде мандат за составување нова влада.

Според бугарскиот устав, Националното собрание има право да направи три обиди за формирање на кабинет.