Летото е идеално време за музички фестивали и забави, а оваа сабота е резервирана за „Школка“ во Градски парк.
Долгоочекуваниот петчасовен музички фестивал „Crazy Summer Festival“, организиран од страна на истоимената светска компанија за мобилни игри, CrazyLabs, ќе се оддржи утре, (02.07.2022) со почеток во 17 часот.
Посетителите на фестивалот ги очекува богато мени со храна и ладни пијалоци, а за забавата ќе бидат задолжени Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Тони Зен и ДиЏеј Бугимен.
Освен претстојните музички настапи на едни од најпознатите македонски музички ѕвезди, во петчасовната забавна програма, од организацијата на настанот најавуваат и голем број игри и интересни изненадувања. За сите присутни ќе бидат достапни креативни и забавни предизвици, а за најсреќните и најактивните ќе следуваат вредни подароци.
Влезот е бесплатен и сe очекува голема посетеност.
Дојди, разгледај, увери се, уживај! Се гледаме на „Школка“!