Македонскиот хип хоп клуб, „Break a Leg“ Европски шампиони

Сподели

 

Најуспешниот македонски хип хоп клуб, Break a Leg кој брои повеќе од 400 членови, се закити со три титули на Европското првенство во хип хоп 2022 на кое учествуваа над 1800 танчери, од 21 земја од Европа.

Имено, танчерите од „Break A Leg“ се прогласени за Европски шампиони во категорија хип хоп бетл за деца и возрасни, како и Европски Вицешампиони во категорија деца-формации, во конкуренција на 11 репрезентации.

 

 

 

Следен предизвик за танчерите од „Break a Leg“ е  Светското првенство во хип хоп, кое ќе се оддржи во Австрија.

 „Break a Leg“ заедно со „Eat the Beat“ се организатори и на Европското првенство во џез модерен и класичен балет,  со што нашата земја повторно ќе ги обедини најдобрите од најдобрите танчери од Европа.