ВМРО-НП: На Илинден да бидат изоставени политичките говори во Крушево

Сподели

 

За да се надмине сквернавењето на прославите на најголемиот македонски државен празник, ВМРО-Народна партија предлага од идната година политичките говори бидат изоставени, а во Крушево да има само културно-уметничка прослава на која „се надеваме обединети ќе дојдат граѓаните од сите политички бои, а притоа политичкиот дел, односно политичките говори да останат во рамките на претседателската резиденција, Пелинце или евентуално на некоја свечена академија“.

ВМРО-Народна партија соопшти дека веќе со години прославите на Илинден во Крушево наместо да бидат предмет на сплотување и заедништво се претвораат во настан кој разединува, создава конфронтации и зголемување на внатрешната омраза помеѓу луѓето од различните политички структури.

Се надеваме дека оваа идеја ќе биде добронамерно прифатена од сите политички субјекти, соопшти ВМРО-НП.