По вчерашното невреме екипите на ЈП Паркови и зеленило интервенираа со ангажирање на 100 работници и механизација од 7 камиони и 2 платформи.
Екипите работеа до 2 часот наутро при што беа расчистени 34 локации со паднати дрвја и 17 паднати големи гранки.
Во текот на вчерашниот ден од 17 до 24 часот добивме 77 пријави за различни локации и паднати 119 дрвја во градот без оние во Градскиот парк, информираат од ЈП Паркови и зеленило.
Од утрово на терен се присутни работниците од Секторите: Дрвореди, Градско зеленило, вонградско зеленило и Механизација кои работат на повеќе локации се до целосно расчистување и нормализирање на градот.
Моментално се работи во Чаир, Топанско поле, Карпош, Партизанска, Аеродром, кај Собрание на Град Скопје и продолжуваме понатаму каде има потреба од наша интервенција.
Пријави за паднати дрвја добиваме и во текот на денешниот ден така што нашите екипи се организираат и работат по приоритет се до расчитување на сите локации, додаваат оттаму.