Има една песна од Игор Џамбазов ,,Каква е оваа ситуација”. Се искаравте за милионски провизии, се скаравте кој да ги земе провизиите! Која е оваа фарса и иронија, каква е ова перверзија која ја креирате во јавноста.
Ова на денешните советнички прашања во Град Скопје го истакна советникот Гордан Шутаров од редовите на СДСМ, алудирајќи на кавгата на градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, околу тендерот за прочистителната станица вреден околу 125 милиони евра.
Со прашања за милионскиот спорен тендер пак се јави и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Луке Галевски.
Арсовска одлучи само на овој советник да му одговори усно, па рече:
-Советниче, кога лажете и кога ви се тресе рачето, смалете доживјај. Кај е шпицниот градоначалник, каде се крие Мицкоски?
-Се споменуваа и претходно личности кои не се тука присутни кога му се тресеа рачињата на поранешниот директор. Не ми трепери гласот и не ми се тресат рачињата кога ти се обраќам, каде е Мицковски, каде е шпицниот кандидат? Никаде го нема – изјави градоначалничката Арсовска на денешната седница за советнички прашања.
-За прашањата за спорниот тендер има кој треба да договори и сите тие одговори ќе си дојдат кога ќе треба. Мицкоски од тендер матрицата нема да излезе никогаш и тоа на сите тука ви е јасно.
Нели бев најдобар градоначалник? Не чинам откако рачињата на директорчињата на Мицкоски ги фативме во медот – додаде таа.