Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на Здружението Клуб на генерали – Скопје.
На средбата се разговараше за тековните активности на здружението, како и за идните планови.
Упатувајќи честитки по повод 10 годишнината од постоењето, претседателот Пендаровски истакна дека Клубот на генерали, како здружение кое во себе обединува пензионирани и активни генерали на Армијата, дава силен придонес со повеќе активности кои ја третираат одбраната и безбедноста.
Претседателот Пендаровски изрази очекување за продолжување на успешната соработка на Клубот на генерали со Министерството за одбрана, Армијата и другите државни органи во интерес на унапредувањето на безбедноста и одбраната на државата.