Мрежата за медиумска писменост ги отвори Деновите на медиумска писменост 2022, посветени на различностите и медиумската писменост, кои под мотото „Размислувај критички, состави ја целата приказна“, ќе се одржат од 25 октомври до 1 ноември.
Со нив, РС Македонија по четврти пат се приклучува кон Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО чиешто мото е „Негување доверба: Императив за медиумската и информациската писменост“.
Во текот на деновите, предвидени се многубројни настани кои ќе се одржуваат онлајн и во живо, како и посебни медиумски содржини и филмска програма, преку кои ќе се отворат повеќе аспекти на различностите во медиумите.
Ги повикуваме сите заинтересирани да земат учество на настаните и да ги следат новостите на пејџовите на Мрежата за медиумска писменост на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube, како и на веб страницата – https://mediumskapismenost.mk/.