Ковачевски за ИРЛ: Со новите владини одлуки очекуваме намалување на цените на основните производи

Сподели

 

Премиерот Димитар Ковачевски, во емисијата „Разговор во редакција“ истакна дека со најновите одлуки на Владата им се овозможува на компаниите што произведуваат основни прехранбени производи, основните и средни јавни училишта, јавните претпријатија за водоснабдување и одведување на отпадни води, да склучат договор со ЕСМ – Продажба и да имаат поевтина струја. Со овие мерки компаниите, производителите на основни прехранбени производи ќе имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја, што крајно ќе влијае и врз стабилизирање на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат од овие компании. Со ваква одлука цените на основните прехранбени производи треба да се намалат за најмалку 10%.

 

 

„Дали ќе значи намалување? Да. Целта е да има намалување на цената на прехранбените производи. Состаноци се држеа со претседателот на комората во ССК на производителите на прехранбени производи со Министерството за економија. Истиот присуствува на моја покана на сите состаноци на економскиот совет во проширен состав сè со цел да ја намалиме цената на основните прехранбени производи“, рече премиерот Ковачевски.

Премиерот посочи дека овие потрошувачи ќе добиваат цена на електрична енергија којашто е пониска од берзанската цена и којашто цена на електричната енергија ќе им обезбеди предвидливост.

„Тие ќе платат субвенционирана, регулирана цена која ќе биде далеку пониска од цената на ХУПЕКС берзата. Целта е да има намалување на цената на основните прехранбени производи со ставањето на производителите на основни прехранбени производи на вакво снабдување на електрична енергија од ЕСМ – Продажба. Додека, за основните и средните училишта да има непречено одвивање на наставата. За здравствените установи, пак, непречено одвивање и давање на здравствените услуги. На водоводните претпријатија за мерните пумпи непречено снабдување со вода кај градовите кои се снабдуваат со водни пумпи, поточно кои не се снабдуваат со природен пат на водата“, рече премиерот Ковачевски.