Под мотото „ Солидарност преку волонтирање“, Црвениот крст денеска на плоштад „Македонија“ ќе го одржи централниот настан за одбележување на 5 декември – Светскиот ден на волонтерство.
Преку игра на светлина, бои и холограм ќе се навратиме во минатото, ќе ја видиме куќата на нашиот основополжник Анри Динан, но и тој самиот ќе ни ја раскаже идејата за раѓањето на Црвениот крст.
Ќе бидат доделни национални признанија на истакнати волонтери во знак на благодарност за нивниот севкупен придонес и остварувања во обезбедувањето поддршка на различни целни групи на население во Република Северна Македонија за 2022 година, наведоа од Црвен крст.