Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи соопшти дека Папата Франциск преку државниот секретар кардинал Пјетро Паролин, испрати телеграма со сочувство до скопскиот бискуп Киро Стојанов за жртвите од поплавата во Скопје и околината.
„Информирани за драматичното невреме што го погоди градот и околните населени места, предизвикувајќи длабока болка на целата заедница во земјата. Папата моли да ги пренесете до тешко погодените семејства на починатите, неговите изрази на длабоко сочувство, искажувајќи ја својата духовна блискост со ожалостените. Неговата светост се моли за сите оние кои ги загубија своите животи и повикува на небесна утеха за оние кои пострадаа од последиците на невремето и до сите го испраќа свој апостолски благослов“, стои во телеграмата.