Нашата ракометна гордост, машката сениорска репрезентација на Македонија, го почнува настапот на 28. Светско првенство, кое се одржува во Полска и во Шведска.
Пет ракометари на РК Алкалоид патуваат за Полска. Тоа се: Мартин Серафимов, Никола Маркоски, Игор Ѓоргиев, Михајло Младеновиќ и Марко Стојковиќ.
Кирил Лазаров ќе ја предводи репрезентацијата од клупата.
Македонија ќе игра во Краков. Во првото коло на 13 јануари ќе игра со Норвешка (20:30 ч.), на 15 јануари со Холандија (18:00 ч.), а на 17 јануари со Аргентина (18:00 ч.).
Ако обезбеди пласман во главната рунда, тогаш репрезентацијата ќе патува за Катовице и ќе се вкрсти со групата во која се Германија, Србија, Катар и Алжир.
Среќно! Со за Македонија