ОБСЕ 2023: Османи ја започна посетата на Украина

Сподели

 

Шефот на македонската дипломатија и претседавач на ОБСЕ, Бујар Османи, утрово пристигна во Киев и ја почна посетата на Украина.

 

 
“Тукушто пристигнавме во Киев, прва работна посета во рамки на Претседавањето со ОБСЕ. Ќе одиме на терен да ги посетиме областите погодени од воените дејствија и директно да се сретнеме со луѓето на терен”, изјави Османи.
 
“Ќе оствариме и бројни средби со високите државните претставници на Украина. Состојбата во Украина, со посебен фокус кон луѓето на терен – еден од главните приоритети на #ОБСЕ2023. За луѓето се работи!”