Арбен Таравари го прими амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон

Сподели

 

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари денеска во неговиот кабинет го пречека британскиот амбасадор во Скопје, Метју Лосон.

„Му се заблагодарив на амбасадорот Лосон за континуираната поддршка на Обединетото Кралство, како еден од нашите најважни сојузници во НАТО, за развојот и стабилноста на земјата. Со амбасадорот Лосон се согласивме дека во овие турбулентни времиња за континентот, внатрешната политичка стабилност е гаранција за економски развој, зголемени странски инвестиции и просперитет за граѓаните на земјата“, истакна градоначалникот Таравари.

На средбата се разговараше за економскиот и културниот потенцијал на Гостивар, како град модел на соживот, а градоначалникот и амбасадорот се согласија за интензивирање на соработката меѓу амбасадата на Обединетото Кралство и општина Гостивар во областите од заеднички интерес.

Инаку, ова беше прва посета на амбасадорот Лосон на Гостивар.