Инсталирани се обновливи извори на енергија од над 150 мегавати-снабдување на 67.000 домаќинства

Сподели

 

„Владата минатата година одвои 760 милиони евра што според податоците од Светска Банка е најголем пакет на антикризни мерки споредено со сите земји од регионот. Со тоа успеавме да ја субвенционираме цената на електрична енергија до 80%. 

 

 

Да не беше таа субвенција цената на електрична енергија за 600 илјади домаќинства ќе беше 5 пати повисока. Малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар, ќе плаќаа 3 пати повисоки сметки за струја. Од тој аспект сметам дека кризата беше добро менаџирана, бидејќи сите увидовме дека ценовен шок нема и нема да има“ – истакна Ковачевски на панелот.

Премиерот рече дека инвестициите на Владата во зелената трансформација на земјата се движат во три насоки, со што ќе се обезбеди национална енергетска независност. Првата е поврзување и диверзификација на енергенси за државата. 

Северна Македонија во моментов има само еден извор на гас, тоа е преку Република Бугарија, во тек е инвестиција на нов гасовод од Република Грција, како и уште еден гасовод од Република Бугарија.

„Базната енергија во Северна Македонија веќе 40 години се произведува доминантно од јаглен во РЕК Битола, Осломеј. Со овие инвестиции во нови гасоводи, може да размислуваме за поставување на гасни централни како транзициско гориво. 

 

 

Како втор сегмент на инвестиции премиерот ги посочи обновливите извори на енергија. Освен фотоволтаици, кои периодот се доминантна инвестиција и на компаниите, исто така се инвестира и во мали хидроцентарли, ветерни централи, како и централи на биогас.

„Минатата година се инсталирани обновливи извори на енергија над 150 мегавати, што снабдува некаде околу 67.000 домаќинства со електрична енергија. Понатаму, Чебрен  е еден од клучните, историски проекти. 

Оваа година за прв пат после 14 неуспешни тендери, имаме понудувач којшто го помина првиот филтер. Се работи за грчката енергетска државна компанија ППС. Во моментов се вршат преговори, доколку тој понудувач ги исполни условите од тендерот и доколку се склучи договор со надлежните институции во државата, тогаш ќе може да отпочне изградбата на овој капитален проект. Тој капацитет од една страна ќе произведува базна енергија од хидропотенцијалот, а од друга страна ќе може да го користи вишокот од фотоволтаиците, електричната енергија за реверзибилно работење на самата централа“ рече Ковачевски на панелот.

„Од клучна важност освен за еконосмка независност, исто така и за економски напредок на земјата е третиот дел на инвестиции“, потенцираше премиерот.