Бугарски и македонски митрополити со заедничка богослужба за големиот христијански празник Сретение Господово, објави БНТ.
Во Пловдивската црква „Света Марина“ отслужија Соборна епископска света литургија по повод празникот.
Ова е прво заедничко сослужување од македонската црква по осамостојувањето минатата година. Македонските митрополити се во Бугарија на покана на митрополитот Пловдивски Николај.
На свечената богослужба учествуваа митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј и брегалничкиот митрополит Иларион, како и бугарските митрополити Антониј, Кипријан и Јаков.