Започнува пријавувањето за 19-то издание на Виз Ер Скопски маратон

Сподели

 

Најпознатата и најголема атлетска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, кој ќе се одржи на 1 октомври (недела), го отвори пријавувањето за своето 19-то издание. Маратонот е сертифициран од страна на АИМС и Светска Атлетика.

 

 

Маратонската трка е дел квалификациските трки за Светското првенство во старосни категории под капата на ABBOTT WORLD MARATHON MAJORS, со што можат да се освојуваат поени за рангирање во соодветните возрасни категории, а најдобрите во светот можат да обезбедат учество на светското првенство во возрасни категории кое ќе се оддржи во Чикаго оваа година.

Учесниците ќе можат да се пријават на маратонот, полумаратонот, штафетната маратон трка – ЕУ со тебе и 5 км трка, кои со години се дел од оваа спортска манифестација.

 

 

Рокот за пријавување е поделен во три бранови: првиот рок за пријавување на маратон, полумаратон и штафетниот маратон е до 15 мај, вториот рок трае до 25 јули за пријави на маратон, полумаратон, штафетниот маратон и трката на 5км, додека третиот и финален рок е 20 септември. Учесниците на маратонот и полумаратонот при регистрирањето ќе треба да одберат таргет време за кое планираат да ја завршат трката, со цел да се распоредат во соодветниот стартен бокс.

За сите пријавени до 30 август, во стартниот пакет влегува и маица со логото од трката. Сите натпреварувачи кои ќе се пријават после овој датум нема да добијат маица.

Повеќе информации на официјалната страна на Виз Ер Скопски маратон http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/.

Организатор на Виз Ер Скопски маратон е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со АК Работнички, додека покровители на трката се Град Скопје, Делегација на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт.

Секој учесник на Виз Ер Скопски маратон ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Ваучерите ќе се испраќаат после 10 октомври на емаил адресите кои ќе се остават при процесот на пријавување.

За подетални информации во врска со трката може да се најде на официјалната веб страна на трката: skopskimaraton.com.mk, како и нивните официјални страни на социјални медиуми: www.facebook.com/skopskimaraton и www.instagram.com/skopjemarathon/.

ТРЧАЊЕТО ЌЕ ТЕ ПРОМЕНИ!