Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2022 година, изнесува 34 364 денари. Тоа е зголемување за 4 421 денари или 14.8% од истиот месец во 2021 година, кога изнесувала, 29 943 денари.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Преработувачка индустрија (20.4 %), Уметност, забава и рекреација (20.2 %) и Административни и помошни услужни дејности (19.0 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање (10.4 %), Дејности во врска со недвижен имот (10.2 %) и Уметност, забава и рекреација (8.4 %).